Најстарата личност на планетата е Русинка и наполни 120 години (ФОТО)


Танзила Бисембeева од Русија е запишана во Книгата на рекорди во Русија како најстара личност на планетата, бидејќи наполни 120 години.

Бисембеева, која живее во Страханската област на југот на Русија во близина на Каспиското море, наполнила 120 години на 14 март оваа година.tANZALA

Во нејзината лична карта, чија копија ја објавува „Газета“, е напишано дека се родила во 1896 година, во царска Русија. Ги приживела револуцијата во 1917 година, Втората светска војна и распадот на Советскиот сојуз.

Сега живее во родното село Исламгази, со тројца синови, 10 внуци, 24 правнуци и два праправнуци.

– Мајка ми во својот живот многу видела. Проживеала од Распутин до Путин. Работеше целиот свој живот, во полето или во бавчата – рекол за новинарите нејзиниот син Шинтас Бисембеев.tanzala stara

Танзила Бисембеева првпат се омажила до почетокот на Втората светска војна, но нејзиниот сопруг бил повикан на фронт, од кадешто не се вратил, а нивното дете набрзо по раѓањето умрело.

На крајот на војната, на 49-годишна возраст била сама, но наскоро се омажила за постар Казахстанец. На 53 години родила син, по една година уште еден, а кога имала 57 години го родила и третиот син.

Во согласност со казахтанската традиција, Бисембеева сега живее во семејството на најмладиот син, се движи низ куќата и самата себе се опслужува, но не излегува надвор.

До својата 100-годишна возраст, ниеу еднаш не се обратила кај лекар, и раѓала дома. Кога наполнила 100 години, и се влошил видот, и морала да оди на операција.

На прашањето во што е тајната на нејзината долговечност, нејзините синови одговориле: „Таа е многу добра и секогаш гледа на животот позитивно. Во луѓето го гледа само доброто. Води здрав начин на живот: не пуши и секогаш се храни со природна храна“.

Руските медиуми наведуваат дека единствената личност која живеала до 120 години, а за која постојат документи, е Французинката Жана Луиза Калман, која живеела 122 години, пет месеци и 14 дена. Калман умрела во 1997 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1