АМБАСАДА ВО ПАРИЗ: Нема повредени или загинати македонски државјани


Нема загинати или повредени македонски државјани во терористичкиот напад во Ница. Од Амбасадата на Македонија во Париз велат дека немаат никакви информации за наши луѓе и дека се во постојан контакт со Министерството за надворешни работи.1nica-640x427

Ница е честа туристичка дестинација на голем број туристи од Македонија и од соседните земји. Во нападот загинаа најмалку 84 лица, а околу 50 други се ранети. Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев соопшти дека меѓу загинатите има и деца, како и дека 18 од повредените се во критична состојба.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1