Амбер се откажа од тужбите за насилство против Џони Деп


Наспроти тоа што американската актерка, Амбер Херд (30) раскажала дека во текот на бракот со актерот Џони Деп (53) била изложена на физичко и на вербално насилство и наспроти тоа што Деп преку судски пат доби забрана да и приоѓа на сегашната сопруга, актерката сепак нема да поднесе пријава против него.

Таа наводно изјавила дека „се уште го сака и не сака да му го уништи животот на актерот“, пренесува „Дејли мејл“.dzoni-dep-i-amber-herd-1451832659-76546-640x418

Според пишувањето на американските медиуми, Амбер Херд на денот на наводниот напад ја повикала полицијата во домот кој го делела со Деп, меѓутоа полицијата тогаш го напуштила местото на случувањето без никаква пријава или причина за делување. Набргу потоа се појавиле фотографии од претепаната актерка , а Деп добил судска забрана да и приоѓа на сопругата.

Набргу потоа магазинот „Пипл“ објавил нови фотографии од претепаната Амбер Херд, со кои актерката сака да докаже дали сопругот физички ја злоставувал повеќе пати во нивниот 15-месечен брак.

Двојката нема заеднички деца.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1