Америка се пофали со ново оружје – како извадено од филм (Видео)


Пентагон објави видео запис од најновотo оружје- воени бродови опремени со ласер, кој успешно без муниција сруши беспилотно летало.
amerika oruzjeРаботи на електрична енергија и може да истрелува зраци се’ додека има струја, а секое негово истрелување чини помалку од еден долар“, изјавил американскиот контраадмирал Метју Кландер, кој е шеф на истражувањата на воената морнарица.
Прототипотчинел околу 32 милиони долари, а ќе биде инсталиран на воениот брод УСС „Понси“, кој служи како пловечка воена база на Блискиот исток, односно во Персискиот залив.
Единствен недостаток на ова ново оружје, е тоа што би можел да оштети други летала и дури и сателитите во Земјината орбита. Исто така под знак прашалник е и неговото функционирање кога има магла, дожд или снег.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1