Америка завеана – Нема струја, откажани летови (Видео)


Над 350 илјади Американци од Мејн до Вирџинија немаат електрична енергија поради екстремно силната снежна бура. Жителите на Њу Хемпшир доживеале едно од најтешките невремиња во последните 50 години, а над 180 илјади домаќинства останале без електрична енергија

Над 78 илјади во Мејн и 55 илјади во Њујорк ги пријавиле истите проблеми. Сообраќајот е во хаос, особено што невремето се случува среде работна недела.Поради бурата биле откажани повеќе од сто летови, а патиштата од Вашингтон и Бостон биле оценети како опасни за возење.usa-zaveana-deniv-14

Аеродромите се блокирани, а стотици летови се откажани. Прогнозата е дека околу 41 милион патници требало да патуваат во овој дел од САД во периодот од средата до неделата поради денешниот празник Ден на благодарноста.

Еден од метеоролозите на американската телевизија Ен-би-си изјавил дека Чикаго може да го очекува една од најстудените зими во неговата историја.usa-zaveana-deniv-19

Во североисточниот дел на САД се забележани голем број на сообраќајни несреќи, по должината на автопатот број 95, главниот пат кој ги поврзува Вашингтон и Бостон, каде што исто така имало врнежи од дожд и снег во исто време.

Училиштата и деловните објекти во дел од регионот се затворени, а службениците во државните институции работат по скратено работно време.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1