Американец бара азил во Северна Кореја


Денеска медиумите во Северна Кореја објавија дека 24 годишен Американец бара азил во нивната земја. Милер Метју тод бил уапсен откако во емигрантската служба ја искинал туристичката виза и побарал азил. Портпаролката на американскиот Стејт Департмент, Џен Псаки изјавила дека Америка е запозната со информацијата за апсење на американски државјанин, но дека нема никакви подетални информации. Со оглед на тоа што Вашингтон нема дипломатски односи со Пјонгјанг, шведската амбасада посредува во случаите поврзано со американските државјани, па Америја за овој случај е поврзана и контактира преку Шведска.

North_Korea_state_of_war-162781439

Александра Смилеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1