Американката Мишел Картер (20) е осудена на 2,5 години затвор, затоа што го потикнувала нејзиното момче да изврши самоубиство.
Осудената девојка му испраќала бројни пораки на момчето преку мобилен терефон, наговарајќи го да си го одземе животот.
Во јули 2014 година тоа и се случило, кога младиот Конрад Рој се самоубил во својот автомобил со отровните издувни гасови од неговиот ауспух.
Според пресудата, Картер ќе помине 15 месеци во затворска ќелија, а потоа пет години ќе биде на условна слобода, што значи дека може да издржува уште пет години затворска казна, доколку повтори едно вакво кривично дело.
Максималната казна за потикнување на самоубиство изнесува 20 години, но нејзините адвокати успеале да ја уверат поротата дека таа,, како и несреќното момче Рој, се ментално заболени млади луѓе.
Обвинителот и родителите на жртвата очекуваа построга казна, тврдејќи дека младата Мишел Картер, која тогаш имала 17 години, сосема свесно го наговарала Рој да си го одземе животот и дека од тогаш ниту еден момент не покажала знаци на каење и жалење за она што се случило.