Последните фотографии на Мерлин Монро три недели пред смртта


Фотографиите на најголемиот секс-симбол Мерлин Монро, кои никогаш досега не се видени, од нејзината последна фотосесија, се најдоа во средата на аукција.

Фоторепортерот Џорџ Барис ги снимил фотографиите во јуни 1962 година, три недели пред смртта на славната Мерлин, објави интернетската аукциска куќа „Пeдл8“.

На аукција ќе се најдат и ретки сувенири, голи фотографии, филмски постери, првото издание на „Плејбој“ од 1953 година, кое го потпишал Хју Хефнер, а на кое на насловната страница е токму Мерлин Монро.

Почетните цени на аукцијата се движат помеѓу 500 и 18.000 долари. Аукцијата трае до 11 август.

Мерлин Монро, чие вистинско име е Норма Џин Мортесон, беше и остана олицетворение на холивудската убавина и гламур, а за многумина претставува најубава жена во светот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1