Градските власти на Конкорд во американската држава Масачусетс, донесоа нов закон со кој се забранува продажба на вода во пластични шишиња.
На 1 јануари стапи на сила законот со кој секое сервирање вода во пластични шишиња е незаконско. Оправдувањето е дека со законот сака да се влијае на граѓаните да го зголемат користењето вода од чешма и со тоа да придонесат во решавање на проблемот со загадувањето.
Градот има голем проблем со справување со големиот број пластичен отпад.
Празните пластични шишиња ги преплавуваат отпадите, а компаниите заработуваат многу пари празнејќи ги чешмите и продавајќи ни вода што и сами можеме да си ја налееме и да потрошиме многу помалку.
Кога прв пат ќе биде прекршен законот, тој што продавал вода ќе биде опоменат, за втор пат следи казна од 25 долари, трет пат 50 долари.