AМЕРИКАНСКИ ИСТОРИЧАР ПОВТОРНО ГИ НЕРВИРА ГРЦИТЕ СО АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ


Александар Македонски не можеше да им прости на Грците и брутално ги казнуваше за секоја грешка.

aleksandar knigaВака меѓу другото, пишува во својата книга „Александар Велики: Теми и проблеми“ познатиот американски историчар и професор на универзитетот во Арканзас, Едвард Енсон. Книгата ќе се појави во печат во април годинава.

Енсон е познат во грчката заедница во САД по нивните неуспешни обиди да го натераат да ги смени своите тези дека античките Македонци биле засебен, па и сосема различен народ од античките Грци.
Енсон првпат го предизвика гневот на Грците, кога во 2004 година ја објави книгата „Евмен од Кардија: Грк меѓу Македонците“.

Книгата се однесува на кралскиот секретар на Александар Македонски, Евмен, кој по смртта на кралот се обидел да се дограби до власта врз териториите на Блискиот исток. Професорот Енсон во книгата докажува дека, неуспехот на Евмен се должи на тоа што Македонците не го прифатиле Евмен затоа што бил Грк.

Република.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1