Американската Национална безбедна агенција НСА ги следела телефонските разговори на 35 светски лидери, стои во новообјавените документи кои ги обелодени поранешниот шпион Едвард Сноуден кој пребега во Русија.
Откритието може да придонесе за дипломатски тензии меѓу САД и нејзините сојузници, откако германската канцеларка Ангела Меркел ги обвини САД за прислушување на нејзиниот мобилен телефон и побара официјално објаснување од Обама.
Откако наводите на Меркел станаа јавни, секретарот за печат на Белата куќа соопшти дека САД „не ја следел ниту ќе ја следи” комуникацијата на Меркел.
Документот на НСА кој го објави „Гардијан“ посочува дека таквите прислушувања не се невообичаени и дека агенцијата рутински ги прислушува телефонски броеви на светските лидери – дури и бара помош од други владини функционери во тоа.