Ампутирана ногата на 20-годишната девојка


Последните информации се дека шестмина се уште се во тешка состојба по сообраќајната несреќа на автопатот Скопје – Тетово. Меѓу повредените е и 20-годишна девојка која има големи повреди на ногата, пишува „Република“

Шест пациенти сè уште се во тешка состојба. Четворица се на КАРИЛ со тешки повреди во абодменот, повреди на глава. На 20-годишната девојка ѝ е извршена ампутација на нога, била во животозагрижувачка состојба. Во болницата „8 Септември“ двајца се во критична состојба со повреди на главата.

Во Градската болница „8 Септември“ има 28 пациенти, 6 се пуштаат на домашно лекување. Еден од нив е Абдулбахри Исмаили, денеска ја напушти болницата „8 Септемеври“. Тој седел во третиот ред, се било многу брзо, автобусот се превртел. Со повреди на главата бил примен во болница, но за среќа со полесни повреди.

Ноќеска во ГОБ „8 Септември“ биле оперирани 14-годишно момче и 40-годишен маж. На оваа клиника двјаца се на респираторни машини со повреди на главата.

Во сообраќајната незгода што се случи пред два дена загинаа 14 патници. Вчера заврши идентификацијата на загинатите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1