Закани за бомба на 10 адреси во Москва – евакуирани 5.000 луѓе


Руските власти денеска евакуира околу 5.000 лица од 10 објекти во Москва, поради добиени закани преку електронска пошта дека во нив се поставени бомби.

– На 10 адреси примени се анонимни пораки за закани со бомби, соопшти претставник на руската полиција.

Според него, меѓу евакуираните објекти се и седиштето на Руското радио и трговскиот центар „Центер-Т“.

Специјални полициски тимови веќе завршиле со проверките на некои од евакуираните објекти, но не пронашле никакви експлозивни направи.

Ова е втора серија бомбашки закана во Москва во последниве два дена, откако синоќа беа упатени лажни предупредувања за поставени експлозивни направи на две железнички станици и два центри за притвор.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1