Анџело Ѓорѓиевски и се предаде на полицијата откако беше објавена меѓународна потерница


По 5 дена бегство уапсен е првоосомничениот за убиството на ракометарот Денис Тот. Ангело Ѓоргиевски се предал ноќеска по полноќ во полициската станица Аеродром. Тој веднаш е спроведен во истражниот затвор во Шутка, бидејќи за него судот изрече мерка притвор во отсуство. За него беше распишана и меѓународна потерница но според нашите информации тој за цело време се криел во главниот град.

Ангело Ѓоргиевски е тој кој пред дискотеката во градски парк, го удрил неколку пати ракометарот Денис Тот по што тој паднал на земја и се здобил со смртни повреди. Ова се гледа и на снимките од камерите на системот сејф сити. Полицијата обезбедила и видео снимка од случувањата внатре во дискотеката. Претходно беа приведени уште две лица момче и 19 годишна девојка која според видео снимката, се гледа дека го удира Тот додека тој неподвижен лежи на земја, по што тројцата напаѓачи заминуваат од местото без да пружат помош. За сега нема инфомации дали обвинителството ќе ја прошири истрагата со оглед дека повеќе лица биле сведоци на настанот. Обдукцијата утврди дека смртта кај ракометарот настапила како резултат на повреди на мозокот од нанесени удари врз главата. Тот почина на КАРИЛ каде по неколку обиди на лекарите им подлегнал на повредите. Случајот во полиција го пријавиле од клиниката кои јавил дека примиле пациент без срцева активност и без траги на насилство. Лекарите речиси цел ден правеле обиди и го реанимирале но нивната борба заврши без успех. Вонредниот надзор во клиниката е завршен но детали се уште нема.

Од ВМРО ДПМНЕ обвинуваат дека убиецот на ракометарот е најден под притисок на јавноста додека министерот Спасовски 6 дена менувал изјави и побараа оставка веднаш.

СДСМ возврати дека завршило времето кога биле заштитувани убијци .

По искривената логика на ВМРО-ДПМНЕ дека едно од лицата осомничени за убиството било пронајдено поради притисокот на јавноста, тогаш може Лефков треба да постави прашање дали Христијан Мицкоски му се јавил на убиецот и го натерал да се предаде?

Инаку пазарниот инспекторат ја затвори дискотеката, а според информацииите уште во февруари им била изречена забрана поради немање лиценца.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1