Ана Брнабиќ и Александар Вучиќ како млади (ФОТО)


Фотографии на српската премиерка Ана Брнабиќ од 90-те години, како и на српскиот претседател Александар Вучиќ се појавија на Твитер. Пред да се појави на политичката сцена, Ана завршила во Петтата белградска гимназија, а потоа во САД каде во 1998 година завршува студии за бизнис администрација. Магистрирала во Британија.

Според српски медиуми, таа сака музика од 80-те и омилена група ѝ е „Депеш мод“.

Вучиќ завршил Правен факултет во Белград, а англиски јазик усовршувал во Брајтон, Англија. Како еден од најдобрите студенти во генерацијата, бил и стипендист на Фондацијата за развој на научната младина. Работел на Канал С на Пале, Република Српска, во 1992 и 1993 година каде подготвувал и водел вести на англиски јазик. Тренирал кошарка и играл фудбал. Познат е како навивач на белградска Црвена Звезда.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1