Анџелина Џоли денеска ќе го посети кампот кај Идомени


Холивудската актерка и амбасадор на добра волја на Обединетите нации, Анџелина Џоли, денеска ќе го посети бегалскиот камп во Идомени за да ја увиди ситуацијата и условите во кои живеат повеќе од 10.000 бегалци, јавува Мета.angelina joli

Џоли се очекува да пристигне во кампот околу 15 часот по локално време. Првично се очекуваше таа да оди во посета на островот Лезбос, каде има најголем дел од бегалците што пристигнуваат директно од Турција во Грција, меѓутоа во последен момент плановите се сменија и таа ќе замине за Идомени.

Според грчкото координативно тело, до утрово се регистрирани 43.407 бегалци низ целата држава заедно со островите. Најголем број од бегалците се во Северна Грција – вкупно 21.575 ,од кои 10.500 се регистрирани во кампот во Идомени.

На островите, пак, има 8.648 бегалци, од кои 4.788 се на Лезбос. Во Атина и во нејзината околина има речиси 12.000 бегалци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1