Холивудскиот ѕвезда Анџелина Џоли наводно е бремена.
Како што пишува американскиот таблоид „Стар“, познатата американска глумица забременила со вештачко оплодување, а таа и нејзиниот свршеник Бред Пит им ја соопштиле на децата среќната вест пред неколку дена и тоа на празникот Денот на мајките.
Како што се наведува, Анџелина има силна желба за храна и се здебелила наводно шест килограми. Таа е пресреќна поради бебето и го нарекува чудо.
Холивудската двојка веќе има шест деца.
Анџелина неодамна потврдила за едно француско списание дека таа и Бред ќе се венчаат.