Анџелина Џоли поради болест нема да присуствува на премиерата на својот нов филм „Unbroken“, која е закажана за понеделник во Лос Анџелес.
Од „Universal Pictures“ е соопштено дека Џоли има варичела (овчи сипаници) и оти нема јавно да настапува наредните денови за да го промовира филмот чиј режисер е таа.
На премиерата Џоли ќе ја претставува нејзиниот сопруг Бред Пит и децата. Таа на своите фанови преку ЈуТјуб им порача дека филмот многу и значи и додава оти ќе „седи дома, ќе се чеша и ќе мисли на нив“.