Анџелина Џоли: Ќе бидам среќна ако дочекам 50 години


Холивудската актерка Анџелина Џоли (40) изјавила дека и е мило што старее и не се плаши од тоа, затоа што во нејзиното семејство, сите жени умреле млади.Hollywood Actress Angelina Jolie Attends A Foreign Office Briefing On Preventing Sexual Violence In Conflict

-Оваа година наполнив 40 години и сум многу среќна. Многу жени во моето семејство во своите 40-ти години почнаа да заболуваат и да умираат, а јас ќе бидам многу среќна ако наполнам 50 и 60 години, па дури и ако дочекам длабока старост”, рекла Џоли која пред две години направи дупла мастектомија, бидејќи и било потврдено дека има големи шанси да заболи од рак на дојка.

Мајката на Анџелина Џоли умре во 2007 година од рак на јајници во својата 56 -та година, додека нејзината тетка умрела од истата болест на 45 години.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1