Казна од 250.000 евра дневно: Фејсбук доби наредба да го прекине следењето на корисниците


Судот во Белгија и наложи на социјалната мрежа Фејсбук во рок од 48 часа да прекине да ги следи корисниците на интернет коишто немаат налог на оваа мрежа.

– Фејсбук има 48 часа на располагање. Во спротивно, ќе плаќа казна од 250.000 евра дневно – соопштено е од судот, пишува белгискиот „Ле соар“.facebook-money-500

Белгиската Комисија за заштита на приватноста (БПЦ) покрена тужба против социјалната мрежа Фејсбук во јуни оваа година, утврдувајќи дека не ги уважува препораките за почитување на приватноста на корисниците на интернет и тоа не само на оние кои се присутни на неговата платформа.

Во истражувањето на Комисијата за заштита на приватноста се наведува дека Фејсбук ги следел корисниците преку интернет, како оние кои имале, така и оние кои немале налог на оваа социјална мрежа.

Фејсбук ги следел користејќи одредени додатоци коишто се вметнуваат во интернет страниците и чија улога е да овозможува содржината на тие страници полесно да се споделува на социјалните мрежи, а кои најчесто се појавуваат во вид на тастерот „шер“ (сподели) или „лајк“ (ми се допаѓа).

Фејсбук во повеќе наврати ги отфрли обвиненијата на Комисијата за заштита на приватноста како неосновани.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1