Анџелина во шок – Уште лоши вести во нејзиното семејство. Откако го изненади светот со веста дека на своњето тело изврши двојна мастектомија поради намалување на ризик на заболување од рак на дојка, од кругот на семејството на Анџелина Џоли доаѓѓат уште вознемирувачки вести. Почина нејзината тетка Деби.
Анџелина Џоли ќе мора да премине преку уште една шокантна ситуација. Нејзината 61-годишна тетка Деби ја изгуби битката со ракот на дојките кој метастазирал по велото тело.
Пред неколку дека таа била хоспитализирана итно, а после тоа била исклучена од апаратите, а денеска и починала во болницата Palomar Hospital in Escondido во Калифорнија. Покрај неа останале сопругот Роналд Мартин и синовите Крис и Кори.
„Сите сме со неа во болница. Таа е љубовта на мојот живот“, изјавил тетинот на Анџелина, Роналд, неколку часа пред нејзината смрт.
„Се работи за веме кога ќе почине. Таа е борец. Ја известив Анџелина за се што се случува“, изјавил тогаш Роналд за Sunday People.
Токму тетката на Анџелина, Деби била една од оние кои биле поддршка на Анџелина при донесување на одлуката за двојна мастектомија. И самата Деби открила дека би го направила истот ако болеста ја открила на време.
„Анџелина бепе многу блиска со Деби и направи се што може за да и помогне“, тврди еден извор близок до актерката.
Само за потсетување, Анџелина ги отстрани двете нејзини дојки за да го намали ризикот од заболување од рак, затоа што можностите за тоа биле 87%. Носле нив планира да ги отстрани и јајниците.
Генот BRCA1 Анџелина го наследи од нејзината мајка која во 2007 година почина од рак на дојка.