Андол, аспирин, витамини – ќе може да си купите и на бензинска и во трафика


На бензинските пумпи и во колонијалните продавници ќе се продаваат лекови без рецепт за постарите од 12 години

lekovi1На листата се лекови како: андол 300, парацетамол, ефералган со витамин Ц…, aспирин протект 100, aндол 100 и кардиопирин, лекови против агрегација на тромбоцити, линекс и линекс форте, како и лекови за искашлување, витамини, локални антисептици за уста и грло, дезинфициенси за надворешна употреба, вештачки солзи, лекови против киселини во желудник, лекови со активен јаглен и неколку други препарати.

Лековите ќе бидат со најмало пакување и јачина, а ќе бидат наменети за употреба при појава на првични здравствени симптоми. Овие препарати се соодветни за самолекување и се безбедни за консумирање.

Субјектите заинтересирани за продажба на овие лекови, од денеска може да доставуват барања до ресорното министерство, а за дозволата ќе треба да платат и симболичен надомест.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1