Дај 30.000 евра или отиде кариерата – уценувани бизнисмени во „Шпион“


Вторник, 18 февруари 2014 – „Ова ти е втор поздрав, твојот кодошки живот вреди 30.000 евра, имаш 20 часа да ги спремиш и да чекаш инструкции, ако пријавиш ќе те кошта глава!“, ова е една од СМС пораките упатена до оштетените во мегапредметот „Шпион“.

Spion-8-e1392710838956Покрај уцените упатени спрема поранешниот директор на Царинската управа, Драган Даравелски, бизнисменот Минчо Јорданов, лекарот Бобан Пешиќ, обвинетите за уцена, според обвинителството го уценувале и лицето Димитар Димовски. Според обвинителството, од ова лице тие се обиделе да изнудат 30.000 евра преку СМС пораки во кои му најавиле дека за него постои досие кое не е предмет на лустрација. Обвинителството преку 15 сведоци ќе се обиде да докаже вина кај обвинетите. На листата на сведоци се наоѓа и бизнисменот Трифун Костовски, пишува Академик.

Во неколку точки од диспозитивот на обвинението се опишани уцените и обидите за изнуда на обвинените. Неколкумина од нив со сериозна закана го присилиле Димитар Димовски да изнудат од него 30.000 евра бидејќи до нив стигнале информаци дека за него постои досие кое не е предмет на илустрација. Обвинетиот кој бил вработен во Архивот на РМ го земал и направил фотокопија од досието, па му го предал на друг обвинет. Според нивниот првичен план, откако на обвинетиот му паднало досието во раце, почнал да му праќа на оштетениот СМС пораки со заканувачки и вознемирувачки тон. Откако неколкупати во месец февруари 2012 година, пратил закани, а оштетениот не реагирал, следува порака во која постои закана не само за животот на оштетениот туку и за неговото семејство.

„Ученикот стана глумец, кодошче едно не ме интересира дали имаш бизнис и што правиш, имаш рок до недела да спремиш 30.000 евра или ќе умреш како куче. Ако пријавиш, ќе почнеме од жена ти, па по ред, купи си го гревот до недела, одговори со да или не. Ако си паметен се ќе заврши засекогаш, ако не, нема веќе кариера биди паметен“.

По оваа СМС порака, на оштетениот привремено му се јавувале и му давале инструкции како да ја предаде бараната сума од 30.000 евра. Еден од обвинетите, во почетокот на март истата година го чекал пред зграда оштетениот, па откако овој му ги фрлил парите на задното седиште, обвинетиот веднаш бил лишен од слобода.

Мета на обвинетите и бизнисменот Минчо Јорданов

Во текот на 2010 година, според обвинителството дел од обвинетите му се заканувале на бизнисменот Минчо Јорданов дека доколку не им исплати одредена сума на пари, ќе обелоденат документи од наводната криминална приватизација и откупот на акциите во АД Бетон. Еден од обвинетите земал 12.600 евра како паричен надоместок да се ангажира за да најде лице кое ќе врши притисок врз Јорданов за заканите да ги сфати сериозно. Јорданов никогаш заканите не ги сфатил сериозно, ниту им исплатил некакви пари на ниту еден од обвинетите.

Обвинетите не изнудиле ниту еден денар од Драган Даравелски

Обвинителството на списокот за уцени го стави и поранешниот директор на Царинска управа, Драган Даравелски. Нему обвинетите му барале 200.000 евра, во спротивно му се заканувале дека ќе објавуваат податоци за неговите бизнис зделки. Иако еден од обвинетите отишол во Белград за да го убеди Даравелски во намерата, сепак уцената не завршила успешно.

Лекарот Бобан Пешиќ поминал најскромно

Обвинителството објаснува уште една уцена која за разлика од претходните каде станува збор за големи суми на пари, овде се работи за 2000 евра. Откако некое лице кое се лечело кај Пешиќ починало, дел од обвинетите му се заканиле дека доколку не им даде пари, ќе му поднесат тужба дека работи без лиценца и со радиоактивни материјали. Откако лекарот не им дал пари, тие му го одземале комјутерите од неговата канцеларија, информирајќи го дека кога ќе им ја исплати сумата, ќе му ги вратат комјутерите.

Повеќе информации на – Академик.мк

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1