Андреј од ДНК загина во пожарот во Кочани


Пејачот Андреј Ѓоргиески од групата ДНК загина во пожарот во Кочани.

Андреј Ѓорѓиески од групата ДНК е еден од загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани, кој избувна утринава пред 3 часот. Тој, според информации, имал тешки изгореници и се обидувал да им помогне на гостите кога избувнал пожарот кога и го загубил животот.

Веста за неговата смрт е потврдена од неговото семејство за телевизијата Телма, но и од членовите на групата ДНК.

Андреј Ѓорѓиески, познат како Андреј од „ДНК“, го загуби животот во обид да спаси млади.

„Андреј Ѓорѓиески, член на дуото ‘ДНК’, им подлегнал на повредите од пожарот во Кочани. Веста за неговата смрт е добиена од неговото семејство“, објави Телма.

Сведоштва тврдат дека тој по втор пат влегол во пожарот да спасува луѓе. Во јавноста се прошири дека Андреј се спасил, но се вратил да спаси девојчиња и повеќе не излегол од внатрешноста.

Цело утро за него се споделуваа апели да се пронајде, дека не се знае каде е, па по информацијата дека наводно е лоциран во болницата во Штип, за жал осамна потврда за неговата смрт кај медиумите и блиските колеги. 

Дел од колегите и блиските веќе се простуваат од него на социјалните мрежи, меѓу кои Лила, Миа Костова, Тамара Тодевска… 

Зад себе, Андреј ги остави сопругата Наталија и ќерката Јана. Андреј роден на 9 февруари 1982 во Скопје, а својата заедничка музичка кариера со Панчо ја започнаа во 2001 година кога го објавија првиот сингл „Девојка за везден“. Освен по музичката кариера, беше познат и по тоа што беше голем хуманитарец и заедно со Панчо имаа помогнато на голем број семејства и лица кои имаа потреба од секаква помош. 

Во синоќешната трагедија во дискотеката ПУЛС во Кочани животот го загубија Андреј Ѓоргиевски, Филип Стефановски, Ѓорги Ѓоргиев и Сара Пројковска членови на музичката група ДНК, како и фотографот на групата Александар Ефремов. Веста ја соопштија членови на групата ДНК, кои пред неколку моменти објавија фотографии од нивни членови. Двајца од членовите им подлегнале на повредите во попладневните часови. Членовите на групата како и голем број пријатели на починатите преку своите објави на социјалните мрежи се простија од нив.

Последна информација за Владимир Блажев – Панчо, е од неговата сестра утринава, која потврди дека е во болница во Скопје, со изгореници на раката и на кислородна поддршка. 

Според последните информации од МВР, животот во дискотеката „Пулс“ го загубија 59 луѓе, откако поради пиротехнички средства, се запали дел од опремата на таванот, а потоа дел од таванот се срушил врз присутните. Голем број луѓе загинаа и во стампедото што се создало при обидите за бегство.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1