Андреа го зафаќа балканот – многу дожд и опасност од поплави


Од денес па натаму територијата на балканот полека ќе подпаѓа под влијание на моќниот циклон Андреа и истата значително ќе ги зачести и интенвизира врнежите од дожд во следните денови локално во регионот се очекуваат и изобилни врнежи од дожд кој би можеле да условат и локални поплавувања и тоа особено во делови од Србија, Босна и Херцеговина како и во Хрватска, сепак доста интензивни врнежи ќе има и во останатите држави од регионот но и во Македонија кој особено ќе се интензивираат од недела попладне кога локално ќе има и развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер а не се исклучува можноста и за локален но интензивен развој на нестабилност проследена со интензивен пороен дожд, значително количество на воден талог, силен ветер, електрични празнења како и појава на град кој би можел да биде и доста интензивен, соопштува метеорологот Славчо Поповски.

Поради продорот на постуден воздух од север повторно на високите места во регионот се очекуваат врнежи од снег и формирање на нова снежна покривка.

Во државава пак денес ќе има локална појава на дожд а ќе има и зголемена облачност, повторено услови за локална појава на дожд и грмежи ќе има утре попладне додека пак сабота ќе биде нешто постабилна за од недела попладне поинтензивно да не зафати АНДРЕА и да услови чести врнежи како што најавивме а температурите на воздухот ќе бележат тенденција на повторно опаѓање.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1