Андреј Жерновски нов градоначалник на општина Центар


andrej-zernovski-652

Според првичните неофицијални резултати на Државната изборна комисија, по преброените речиси 98 проценти од гласовите, Андреј Жерновски е новиот градоначалник на општина Центар

Кандидатот на коалицијата предводена од СДСМ освои 51,94 процент од гласовите, додека актуелниот градоначалник Владимир Тодоровиќ, кандидат на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 46,06 проценти од гласовите.

Актуелниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски, е во убедливо водство по преброените 94,22 проценти од гласовите. Тој освои 49,89 проценти од гласовите, додека за неговиот противкандидат Јани Макрадули гласале 29,19 проценти.

Убедлива победа во општина Аеродром освои досегашниот градоначалник Ивица Коневски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, со освоени 63,28 проценти од гласовите. На второ место е адутот на СДСМ, Диме Велковски, со освоени 31,85 процент од гласовите.

stevco3Во општина Карпош е во водство актуелниот градоначалник Стевчо Јакимовски, кандидат на Српската напредна странка, со освоени 47,07 проценти од гласовите. Втор е неговиот доскорашен сопартиец Андреј Петров, кандидат на СДСМ, со освоени 26,30 проценти од гласовите, додека адутот на ВМРО-ДПМНЕ, Јагнула Куновска, е трета со 25,93 проценти од гласовите.

 

Во Кисела Вода триумфираше Билјана Беличанец-Алексиќ од ВМРО-ДПМНЕ, со освоени 63,20 проценти од гласовите. Љупчо Васовски од СДСМ освои 32,67 проценти.

Во Бутел актуелниот градоначалник Петре Латиновски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, освои 50,67 проценти од гласовите, додека Коста Начевски од СДСМ 24,34 проценти.

Во Гази Баба победи актуелниот градоначалник Тони Трајковски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, со освоени 60,08 проценти од гласовите, додека Борче Стефановски од коалицијата предводена од СДСМ освои 27,91 проценти од гласовите.

izetАктуелниот градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, кандидат на ДУИ, победи со 52,20 проценти освоени гласови, додека Мухамед Тачи од ДПА освои 18,63 проценти од гласовите.

Во Ѓорче Петров е во водство актуелниот градоначалник Сокол Митровски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, со освоени 49,07 проценти од гласовите, додека неговиот противкандидат од СДСМ, Александар Наумовски, од СДСМ освои 46,72 проценти од гласовите.

Во Шуто Оризари победата ја однесе актуелниот градоначалник Елвис Бајрам, кандидат на Сојузот на Ромите од Македонија, со освоени 59,64 проценти од гласовите. Зад него е Неждет Мустафа од Обединетите демократски сили на Ромите со освоени 33,83 проценти од гласовите.
Во Сарај нов мандат освои досегашниот градоначалник Беким Мурати, кандидат на ДУИ, со освоени 54,24 проценти од гласовите, додека зад него е кандидатот на ДПА, Азби Нуредини, со освоени 38,90 проценти од гласовите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1