Андријана Јаневска бремена


Андријана Јаневска која неодамна ја промовираше својата нова песна „Казна“ за која спотот го снимаше во прекрасен црвен фустан, има уште нешто со што се пофали пред светот. Имено таа е во шестиот месец од својата втора бременост. Малиот Димитар наскоро ќе стане батко и заедно со мама и со татко Гино ќе уживаат во новиот член од семејството.adrijana janevska

– За сите кои ме прашуваат: ДА, фотографиите за песната „Казна“ се направени за време на снимањето на спотот, односно пред десетина дена. Тоа што моето меше не се забележува, иако сум во шестиот месец од втората бременост, секако е резултат на мојата професионална агенда (како и физичката активност која ја препорачувам на сите трудници со уредна бременост), но и на мајсторскиот крој на фустанот, како и на соодветните агли од кои е сниман спотот (и фотографиите).

Уште еднаш ви благодарам на сите за поддршката која ми ја давате! Продолжувам со моите професионални активности на работа, на естрадата, со часовите, како и со истражувањето за мојот докторат – напиша Андријана на Фејсбук.

Андријана со арно и со убаво да ти помине остатокот од бременоста.

Извор: Вистина.мк

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1