Ангажман во јавните институции наместо апанажа за пратениците и функционрите


Апанажата секогаш е актуелна после парламентарните избори и е законско право што го користат пратениците и другите функционери. Дури и да донесеме сега измена во Законот за апанажа, може да важи отсега па натаму, не може да важи ретроактивно, одговори премиерот Зоран Заев по денешната прва официјална средба во Сојузот на стопански комори на Македонија по формирањето на новата Влада, на новинарско прашање дали ќе се скрати правото на апанажа на пратениците од претходниот парламентарен состав.

Парламентот размислува за ова, истакна Заев, додавајќи дека прашањето за апанажа е работа на Парламентот, а политичарите и лидерите на политичките партии ќе даваат свои ставови по ова прашање.

– Голем процент од поранешниот пратенички состав ќе има понуда од мене лично како премиер да се вградат во јавните институции, не зборувам само за директорски места, туку и за позиции кои ќе значат искористување на нивното искуство и капацитет, да можат да влезат во институциите, да продолжат да креираат и да создаваат за својата држава заради тоа што кога извршувале највисоки функции редно е тие луѓе кои имаат свои профили и експертизи да бидат во функција на државата, изјави премиерот Заев.

Тој додаде дека следните месеци ќе бидат донесени такви одлуки и изрази уверување дека повеќе од 50 – 60 проценти од апанажите веднаш ќе опаднат, бидејќи, како што рече, следуваат ангажмани на тие луѓе.

Во однос на протестите на жителите од село Синичане, општина Боговиње, за реализирање на проектот за вода за пиење, премиерот Заев во одговор на новинарско прашање истакна дека овие денови се чекаат извештаите за проектната документација врз основа на што ќе има постапки за обезбедување финансиски средства и на правните постапки за добивање одобрение.

– Од она што сум информиран вчера од службите од Владата е дека веќе се почнати постапки за да се пуштат цевките за наводнување на полето заради тоа што тоа е важно, летото се уште трае и за да може барем тој систем да биде ставен во функција. Веднаш штом имаме конкретни резултати околу документацијата на која се работи заедно Владата и владините институции, заедно со општината ќе ја информираме јавноста за следните чекори, појасни премиерот Зоран Заев.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1