Ангелот од Кобане – Убила стотина џихадисти, никој не знае каде е


Илјадници луѓе во светот на социјалните мрежи ја споделуваат фотографијата на „Ангелот на Kобане“ или Рехана, курдски борец, која стана симбол на отпор против Исламската држава. Според приказните што се шират, таа има убиено стотина борци на ИД. zeni kurdi2
Светот с` уште го набљудува градот Kобане во северна Сирија. Kурдските борци таму, поддржани од воздушните напади од меѓународната коалиција, се борат со џихадистите. Но, тешко е да се добие слика од Kобане каде што влезот на новинари е ограничен. Наспроти ова, на социјалните мрежи се споделуваат приказни за борци кои стануваат интернет-легенди. Никој не е попопуларен од Рехана, чија слика ги симболизира жените што се борат против ИД, организација која многу ограничено гледа на правата на жените. Илјадници луѓе ја имаат споделено фотографијата на Рехана на „Твитер“ и на „Фејсбук“, пишувајќи ја истовремено приказната за нејзината храброст и тоа дека има убиено голем број борци на Исламската држава.

Но, Би-би-си запрашува од каде всушност доаѓа тоа претставување. Жената која сега е позната како Рехана, според британскиот медиум, била фотографирана на настан во Kобане на 22 август, неколку месеци пред нејзината фотографија да стане тренд на социјалните мрежи. Таа била на церемонија за волонтери и носи униформа во воен стил. Шведскиот новинар Kарл Дрот беше единствениот меѓународен новинар во Kобане во тој период и имал краток разговор со неа пред церемонијата. Тој вели дека таа воопшто не била борец од првите борбени редови, туку волонтер во домашната гарда или полициските сили на Kобане. Тој додава дека на тој начин не е веројатно дека убила голем број исламисти.

– Дојде и ми кажа дека учела право во Алепо, но тогаш Исламската држава го убила татко ~, па одлучила да им се придружи на силите. Се обидов да зборувам со нејзе потоа, но никогаш не успеав да ја најдам или да дознам како се вика – истакнува Дрот.

Потоа фотографијата беше поставена на блогот „Биџикурдистан“, кој ги поддржува курдските напори во Kобане. Сликата како да помина незабележано с` додека еден месец подоцна не беше споделена на „Твитер“ од страна на „Селмани тајмс“. Тогаш приказната и мистеријата за неа почнаа да се шират на социјалните мрежи. На 5 октомври почнаа да се шират и шпекулации за нејзината смрт. Влијателен саудиски твитерџија стави слика велејќи дека Kурдка била обезглавена од страна на борците на ИД. Пет дена подоцна твитерџија, потпишан како „Армија на Kурдистан“, сподели слика од обезглавувањето покрај фотографија од жена, која стана позната како Рехана, како се смее пред камерата. Шпекулациите продолжија, па не се знаеше дали таа е жива с` додека нејзината приказна не стана глобално позната.

– Рехана уби повеќе од сто терористи на ИСИС во Kобане. „Ретвитајте и направете ја славна нејзината храброст“ – беше твитот што беше ретвитнат 5.500 пати и така настана „Ангелот од Kобане“.

Твитот може да се гледа како курдска пропаганда, но доаѓаше од индиски блогер, Паван Дурани, кој се претставува како активист и се поврзува со интернет-страница која ги застапува правата на Хиндусите во Kашмир.

– Таа ги обзеде сите со своите убави очи и русата коса. Има огромен број фанови – истакнува курдскиот блогер Рувајда Мустафа, кој додава дека сите ~ се восхитуваат поради тоа што Рехана симболизира нешто што сите сакаат да го видат, дека жените и мажите се спротивставуваат против варварските сили во регионот.

Dnevnik

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1