Англија: Се судрија хеликоптер и авион, има мртви


Итни служби се наоѓаат во Ејлсбери во округот Бакингемшир во Англија каде на средна висина дошло до судир помеѓу авион и хеликоптер.

Се стравува дека има неколку жртви, иако таквите информации се уште не се официјално потврдени.

Како што раскажале мештаните, слушнале силен удар.

– Слушнавме застрашувачки звук. Тогаш дојде еден човек и ни кажа дека дошло до судир. Тој веднаш се упати да им помогне на спасувачките екипи, рекол еден од мештаните.

Се верува дека двете летала паднале на земјиштетот Ведсон Менор со кое управува фондацијата Ротшилд, но портпаролот тоа го демантиал.

На лице место се наоѓаат седум спасувачки екипи.

Како што пишуваат локалните медиуми, до инцидентот дошло нешто после 12 часот по локално време.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1