Англиски репрезентативец фатен како шмрка кокаин


Англиски репрезентативец влегува во тоалетот на ноќен клуб, внимателно прави бела линија од висококвалитетен кокаин, по што почнуа да шмрка. На шокантната глетка е сведок соиграч од „гордиот албион“, кој ја раскажува приказната за британскиот таблоид “Сонце”.

foto – ilustracija

Изданието ја задржува анонимноста на својот извор, но од редакцијата велат дека го знаат името на корисникот на кокаинот. Тој е репрезентативец на Англија, што едвај ќе му се допадне на менаџерот, Герет Саутгејт.

– Откако излезе од тоалетот, беше целосно збркан и не престануваше да зборува глупости. Освен издрогиран, тој беше и пијан. Менаџерот беше бесен. Тој го избрка, мислејќи дека само е пијан, но потоа ја дозна вистината. Тоа не ни помогна, бидејќи во текот на целота сезона имавме проблеми во соблекувалната – раскажува изворот на „Сан“.

Срамната епизода веројатно се одиграла на 26. декември, на ден по Божиќ.

– Се собравме со момчињата и тренерот – да испиеме по едно по натпреварот и да се опуштиме малку. Еден од нашите колеги го виде како влегува во тоалетот и шмрка неколку линии кокаин. Овој играч знаеше дека нема да биде посетен од допинг полицајците во следните неколку дена, бидејќи истиот ден утрото дал тест за забранети стимуланси. Целата оваа приказна доаѓа во најлош можен момент. На теренот резултатите ни се подобрија многу. Но предметниот случај може да не врати во првобитната позиција, вели сведокот.

Ако биде фатен дека користел кокаин, фудбалерот може да „изгори“ за две години, ако ова е негов прв прекршок. Наркотикот остава траги во крвта на лицето во рок од 48 часа. Во урината, пак, може да се открие 96 часа по употребата.

Според правилата на Премиер Лигата, играчите можат да се тестираат за наркотици во секое време, вклучително и кога се дома.

Вториот репрезентативец на Англија се најде во центарот на скандалот поврзан со кокаин, објавија британските медиуми.

Играчот за кој станува збор, а чие име не е споменато, е виден од страна на жена која го видела како влегува и излегува од тоалетот за време на Божиќната забава. Жената тврди дека пријатели на фудбалерот и понудиле и на неа дрога.

Репрезентативецот на „трите лава“ и ѕвезда на Премиер лигата бил исфрлен од клубот, затоа што бил толку пијан, што не можел да стои на нозе.

– Неколку пати ми беше понудено да пробам дрога. Играчот не можеше да се контролира себеси и постојано влегуваше и излегуваше од тоалетите. Се чинеше дека сите се под влијание на кокаин – објаснува сведокот пред „Сан“.

Вчера, излегоа информации за уште еден англиски репрезентативец, кој бил виден од страна на соиграч како шмрка кокаин.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1