Мицкоски во манастирот Св. Наум Охридски на Попова Шапка: Ќе дојде подобра иднина


Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски беше во посета на манастирот Св. Наум Охридски на Попова Шапка, по повод чествувањето на православниот празник Св. Наум Охридски.

На граѓаните кои го слават празникот и на присутното свештенство им го честиташе денешниот православен празник со желби за благосостојба здравје и напредок.

-Делото на Св. Наум Охридски не учи дека просветителството, добрините и праведниот живот се вистинскиот начин кој го осветлува патот и ги победува неправдите. Нашата земја денес се соочува со бројни предизвици, граѓаните живеат тешко и во несигурност. Навидум чуството за безизлезност не смее да ја победи надежта дека може и мора подобро. Сите заедно мора да ја реализираме нашата заложба за промени кон подобро и решавање на напластените проблеми. Цврсто верувајќи во граѓаните и нивната свесност за состојбите верувам дека ќе бидат победени неправдите и дека подобрата иднина ќе дојде за сите во нашата земја, истакна Мицкоски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1