Англиски војник плати 100.000 фунти за операција на лицето на момче од Босна


Англискиот војник Вејн Инграм во 2004 година бил во Босна и Херцеговина на рутинска контрола кога го запознал тогаш четиригодишниот Стефан Славиќ кој имал тешки деформитети на лицето.

britanskihumanРаздалеченоста меѓу неговите очи била 4,5 сантиметри, а немал ниту нос. Војникот Инграм кој веќе имал две деца, при посетата на Босна си ветил дека ќе направи се за да му помогне на момчето кое го запознал. Тој успеал да собере 85.000 фунти и во 2003 година го однел Стефан во болница во Лондон за да се оперира.

За време на 12 часовната операција било оперирано цело лице на детето, му биле отстранети сите заби, му се вгради нос, а оперирани биле и неговите очи. Иако операцијата била успешна, хирургот предложил уште една операција деценија подоцна за Стефан да може да изгледа како и секое нормално момче. За време на втората операција му бил корегиран носот за да може нормално да дише и јаде, а со тоа му се подобрил и говорот.

„За мене ова беше одржување на ветувањето кое си го дадов самиот на себе и направив се што беше во моја моќ за да го направам сето ова возможно“, изјавил Инграм.

После првата операција, поранешниот војник за да си го одржи ветувањето до крај подигнал кредит од 20.000 фунти. Во периодот кога војникот ги собирал парите за првата операција пратил молба за финансиска помош до многу познати личности во Англија, но само Дејвид Бекам му одговорил дека за таа година веќе одбрал на кого се ќе му помогне финансиски.

1britanskihuman

Tags:

Александра Смилеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1