Анонимуси споделија упатство на интернет како се хакира Исламската држава (Видео)


Упатството детално им објаснува на луѓето како Исламската држава да ја соборат од друштвените медиуми или другите веб страници. А тука постојат и три видови на водачи – “NoobGuide” (за луѓе кои што сакаат да научат да хакираат), “Reporter” и “Searcher” (за пронаоѓање на веб страници на Исламската држава).anonimusi322

Хакерската група Анонимуси, после и повеќе од успешниот напад на Исламската држава, објави и водич за сите оние кои што сакаат да се вклучат во сајбер борбата против оваа озлогласена терористичка група.

Водичот е поставен на каналот “IRC” каде различни групи разменуваат податоци во врска со хакерските напади. Покрај сето ова, тие го користат хаштагот #OpParis, а преку овој Twitter профил испраќаат најмногу упатства.

Упатството детално им објаснува на луѓето како Исламската држава да ја отстранат од друштвените медиуми или останатите веб страници, при што постојат три видови на водичи – “NoobGuide” (за луѓе кои што сакаат да научат да хакираат), “Reporter” и “Searcher” (за пронаоѓање на веб страници на Исламската држава).

Инаку, Анонимуси неодамна порачаа дека ѝ објавуваат војна на Исламската држава.

“Ќе ја започнеме најголемата операција против вас. Очекувајте многу сајбер напади. Објавена е војна. Бидете подготвени. Ние не простуваме, ние не забораваме”, помеѓу останатото порачаа тие.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1