Анорексичната актерка која тежеше 19 килограми се спаси од канџите на смртта


Се сеќавате ли на анорексичната актерка Рејчел Фарок која на почетокот на годината упати драматичен апел за помош. Таа тогаш имаше 19 килограми и беше на работ на смртта – денеска може да се каже дека се избори за својот живот!anorexactre

Рејчел Фарок  со својот апел да и се овозможи надеж за живот успеа да собере 200 000 долари што и овозможи да се лекува од децениската анорексија која го пиеше животот од неа. Девојката тогаш изгледаше како скелет, не можеше ниту да стои ниту да се движи. Ниту една болница не прифаќаше да ја лекува бидејќи беше потребен специјален пристап – како таа да почне да внесува храна, а специјалните болници за Рејчел беа прескапи. Но, луѓето кои го видоа нејзиниот апел не дозволија животот на Рејчел да згасне и донираа таа да добие втора шанса.

На почетокот таа беше лекувана дома. Потоа беше пренесена во болница во сан Диего каде доби физичка и ментална терапија. Последните месеци таа ги помина во центар за лекување во Португалија. Сеуште е кревка и тешко се движи, но доби килограми и изгледа многу подобро од претходно.devojka-1.jpg-500

– Имам толку многу луѓе кои сега ме поддржуваат и поминав толкава борба што не можам да седам настрана и да не помогнам во соочувањето со овој проблем за другите – вели Фарок

– Возбудена сум за животот. Она што беше само трошка надеж пред три месеци сега е голема и јасна шанса за живот. Го вратив фокусот и бистрината на умот  – напиша Рејчел на Фејсбук.

Таа се движи по неколку пати на ден, по 15 минути, со цел нејзините мускули да добијат цврстина.Според нејзиниот доктор, кој на молба на Рејчел на Фејсбук ги известува сите што и помогнале за нејзината состојба, вели дека таа многу бргу го вратила менталното здравје.

– Овде конечно ме третираат со респект, а јас не знам дали тоа го заслужувам – изјави благодарната Рејчел за „NBC“ – Јужна Калифорнија.

Благодарение на својот медицински тим и сопругот кој и беше главна потпора во најтешките моменти,  таа успеа да отпатува за Вашингот на годишниот марш за подигање на свесноста за опасностите во пореметувањето на исхраната

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1