Антибиотиците повеќе не помагаат, бактериите се премногу силни?


Изгледа дека антибиотиците повеќе нема да можат да ни помогнат во борбата со бактериите. Тие се зајакнати и станале поотпорни, па епохата на атибиотици полека доаѓа до својот крај.

apcinjaТака бар тврди Д-р Арјун Сринивасан, заменик директор на ЦДС, американска Агенција за контрола на болести и превенција при министерството за здравје на САД.

-Предолго и премногу користиме антибиотици, па бактериите станаа имуни на нивното делување. Колку за пример, бактеријата позната како златен стафилокок стана отпорна на широк спектар на антибиотици. Што повеќе користиме антибиотици со тоа всушност создаваме поволна клима и околина за развој на бактериите- вели тој.

Според него, луѓето претерале со антибиотиците и со тоа е постигнат спротивен ефект.

-Антибиотиците го одработија своето, влегуваме во фаза на постантибиотска ера- вели тој.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1