Антиќ го изгуби спорот – нема да добие ниту долар од полицијата во Њујорк


Кошаркарот Перо Антиќ нема да добие ниту долар од полицијата во Њујорк, САД, откако судот во овој американски град ја отфрли неговата тужба поради претерана употреба на сила при апсењето на Антиќ и неговиот екс-соиграч Табо Сефолоша.

Сефолоша доби милионска сума како отштета зашто при приведувањето се здоби со скршеница на ногата.

Судијата денеска целосно ја отфрли тужбата на Антиќ со образложение дека полицаецот требало да донесе одлука во даден момент и неговата реакција воопшто не била надвор од правилата. Судијата потенцираше дека фактот што Перо Антиќ не бил повреден при приведувањето е јасен знак за запазената процедура.

– Разочарани сме од ваквата судска одлука и сериозно размислуваме за жалба. Сметаме дека во случајов има прашања што треба да ги разреши поротата, а не еден судија – рече Дерек Селс, еден од адвокатите на Антиќ во овој случај.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1