Антикорупциска втор пат ИЗГУБИ НА СУД ОД ИВАНОВ (ДОКУМЕНТ)


Вишиот управен суд ја отфрли жалбата на Антикорупциската комисија како недозволена и ја потврди првостепената одлука на Управниот суд, кој пред месец и половина одлучи дека Антикорупциска не била во право кога му отвори прекршочна постапка на екс претседателот Иванов, дознава Вечер.мк од извори во Судот. Одлуката е официјална.

Иванов преку aдвокатското друштво Лазов и Бадева, поднесе тужба на решението на Државната комисија за спречување на корупцијата, а Управниот суд го поништи решението на антикорупционерите.

Причина за поништувањето на решението на ДКСК е тоа дека немало докази дека за време на избори на унапредените генерали им биле исплатени повисоки примања, и поради фактот што Иванов немал можност да се брани во контрадикторна постапка, а не му било доставено решението, туку само објавено на веб-страницата на комисијата. Освен тоа, според Управниот суд противуставно е да се укине веќе стекнат офицерски или генералски чин.

Поранешниот претседател, Ѓорге Иванов, ја однесе Антикорупциска на Управен суд, бидејќи комисијата, незаконски и надвор од своите надлежности отвори прекрошна постапка против него за унапредувањето на генерали пред претседателските избори.

И додека институциите докажуваа дали Иванов бил или не бил во право, претседателот Пендаровски рече дека буџетот не е оштетен. Иако унапредувањето било направено по денот на распишување на претседателските избори, Пендаровски потврди дека платите не им биле зголемени.

Хајката против унапредувањата на Иванов ја тераше министерката за одбрана Радмила Шеќеринска која побара Пендаровски да ги разреши унапредените Генерали, а бараше и антикорупциска да го тера случајот.

Сега се испостави, дека другарка и на Радмила која е претседател на антикорупциската комисија – изгуби на Суд, два пати од Иванов.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1