Антикорупциска ќе проверува чии се становите во Џевахир кои Иванов ги обра за канцеларија


Претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска, оградувајќи се дека зборува во лично име за викенд и во неработен ден, за САКАМДАКАЖАМ.МК изјави дека Комисијата најверојатно ќе ги испита сомневањата во јавноста за сопственоста на становите во кулите на турската копанија „Џевахир холдинг“ во Аеродром, што ги одбра поранешниот претседател Ѓорге Иванов за доживотни канцеларии за неговиот кабинет.

Прашањето што се постави во јавноста е дали двата стана во кулите за кои државата ќе плаќа кирија како канцеларии на Иванов се негова или сопственост на близок член на семејството.

Иванов, кој е кум на Есер Џевахир, еден од синовите на инвеститорот Ибрахим Џевахир кој ги изгради кулите, ќе има 2 канцеларии во една од 42-катниците.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1