Антикорупциска отвори 40-тина предмети за вработени роднини на функционери


Скоро половина од пратеничките на СДСМ вработиле блиски роднини во државни институции. Новиот список на Антикорупциската комисијата открива дека седум од вкупно 15 пратенички, вработиле членови од семејството. Сопругот на Тања Ковачев, браќата на Симеска-Димоска и Митева-Шуманска, ќерката на Лалчевска, внукот на Фросина Ременски се дел од имињата за кои Државната комисија за спречување на корупцијата отвори предмети за проверка на постапката при вработувањето.

Антикорупциска ќе истражува вкупно четириесетина случаи на непотизам. На списокот кој го формирала комисијата по допрен глас, се имињата и на тројца роднини на министерот за локална самоуправа, внук на директорот на Бирото за јавна безбеднсот, сопругата на Директорот на истражниот затвор.

Се вработиле во МВР, УЈП, Министерството за транспорт.. Антикорупциска почнува истрага и за вработувања на роднини на поранешни функционери од ВМРО-ДПМНЕ. Ќе се проверува вработувањето на сопругата на Кирил Божиновски, братучедите на Антонио Милошоски, таткото и сестрата на Јанушев. Под лупа на антикорупциска е и поранешниот градоначланик на Лозово заради вработувања на четворица членови од семејството.

Комисијата за спречување на корупцијата ќе постапува и по анонимна пријава за непотизам при вработување роднини на актуелен министер.Гимназија и основно училиште добиле заменик директор и професор иако немало потреба за нови вработувања.

Антикорупциска најави и прекршочна пријава за Азис Положани, Ректор на државниот универзитет „Мајка Тереза“ бидејќи и по речиси една година од превземањето на функцијата, се уште не доставил анкетен лист за имотната состојба.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1