Антикорупциска со опомена до Веле Самак – давал пари во фирмата каде му работи жената


Државната комисија за спречување на корупција испрати јавна опомена до министерот без ресор Веле Самак, бидејќи доделил државни пари на компанијата „Маркарт“ во која неговата сопруга е на раководна позиција.

Според законот, Антикорупциска во случајов препозна судир на интереси. На Самак му се доделени 15 дена да ја поправи грешката.vele samak i nevesta

– Постапувајќи согласно одредбите од Законот за спречување судир на интереси, Државната комисија за спречување на корупцијата се обрати до наведеното службено лице со барање, во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето да превземе чекори во насока на отстранување на утврдените повреди на одредбите од Законот за спречување судир на интереси, односно доброволно да ја отстрани состојбата на судир на интереси во која се наоѓа- велат од Државната комисија за спречување на корупција.

Инаку сопругата на министерот е меѓу првите  вработени лица во оваа компанија која е со странски капитал.

Директните преговори околу одлуката дали „Маркарт“ да инвестира во Македонија ги водеше токму министерот Самак.

Случајот со сопругата на министерот Веле Самак беше отворен кон крајот на септември минатата година

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1