Антитерористичките единици советуваат: Како да преживеете пукање на јавно место


Последните неколку терористички напади покажаа дека и милитантите на Исламската држава и напаѓачите кои убиваат цивили веќе не се придружуваат кон вообичаените методи и преминуваат на други.terorizam pukanje

Антитерористичката единица на Австралија неодамна објави упатство кое би им помогнало на луѓето да ја задржат присебноста и да се обидат да го спасат својот живот во опасни ситуации како онаа вчера во Минхен.

Што советуваат тие?

Бегајте, ако сте во можност.

Во моментот кога ќе почне пукањето, ако има можност сокријте се, но главната цел е да побегнете што е можно побрзо, ако е безбедно тоа да го направите. Оставите се што имате со себе освен мобилниот телефон.

Ако пукањето е близу, побегнете што е можно побрзо од местото каде што го слушате пукањето. Во секој случај обидете се да се сокриете од напаѓачот зад бетонски ѕидови, возила, големо дрво или други големи фиксирани објекти.

Нo, ако нема можност да побегнете, сокријте се. Не се задржувајте на отворено, по ходиници. Ако имате можност, заклучете се во некоја просторија. Мора постојано да правите проценка на ситуацијата и да ги разгледувате сите опции. Секогаш барајте подобро засолниште.

Ако успеете да се јавите во полиција важно е да им ја дадете точната локација, описот на напаѓачот и информацијата во кој правец се движи, детали за оружјето кое го носи, дали има повредени, ако ви е познат мотивот на нападот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1