Апасиев до позитивните пратеници на СДСМ: Први ќе одите во затвор кога ќе падне режимот


Пратеникот и лидер на „Левица“ Димитар Апасиев, денеска од собраниската говорница им се обрати на двајцата присутни позитивни пратеници на СДСМ кои дојдоа со скафандери и гласаат од кабината им порача дека први ќе одат во затвор кога ќе падне режимот.

„Според одлуката на Владата, во членот 11 се предвидува строга изолација карантин во домашни услови или во здравствена установа. Спротивно на членот 11 од оваа одлука, ова е кривично дело за кое не им важи нивниот имунитет. Први ќе одите во затвор кога ќе падне овој режим. Го доведовте и Собранието во ситуација да плати казна за тоа што го направивте“, рече Апасиев.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1