Производителот на француските апчиња за слабеење “Медиатор” е под истрага, поради сомневање дека во две години, предизвикал смрт на 300 лица. Против “Медиатор Жакуес Сервеир” покренати се две истраги: една за смрт и телесно оштетување од небрежност, а другата за лажење на потрошувачите
Апчињата “Медиатор”, содржат бенфлуорекс молекул, кој го елиминира чувството за глад. Средството 30 години им било препишувано на лица со прекумерна телесна тежина, кои имале маснотии во крвта, а подоцна лекот им се давал и на дијабетичари со зголемена тежина.
Извештајот од судските вештачења, упатува на тоа дека средството во рок од две и пол години предизвикало меѓу 220 и 300 смртни случаи, поради заболување на срцевите залистоци, а долгорочно помеѓу 1.300 и 1.800 смртни случаи.
Средството е повлечено од пазарот дури во 2010 година, иако првите симптоми на штетност се појавиле од 1998 до 2003 година.
Во стручниот извештај, кој е подготвен за судењето, стои дека поради слабост на срцевите залистоци, болничка помош побарале меѓу 3.100 и 4.200
Nova Makedonija