Еве што остана од запалените соби во студентскиот дом – Фото


Црнила и мирис на чад, тоа е се што остана од опожарените соби во студентскиот дом „Гоце Делчев“. Од собата во која пред два дена избувна пожарот изгорено е буквално сè, а вчера цел ден се работеше на дорасчистување на пеплосаните остатоци, колегите од Радио МОФ денеска биле во студентскиот дом.

33-1024x768Од Студентскиот Парламент денеска им доделија помош на своите колеги чии лични предмети во изгореа во огнот. Донации се собираа и од студенти и компаниите што сакаат да помогнат.

Два дена по пожарот, Премиерот Никола Груевски најави дека ова лето ќе се прави реконструкцијата на опожарениот блок во студентскиот дом „Гоце Делчев“, која веќе била планирана. Наскоро ќе биде објавен и тендер за идејно решение за изградба на нов студентски дом во „Медицинар“, информираше Премиерот, а старите бараки ќе бидат заменети со објект од цврста градба. Според Груевски,  за реконструкција и изградба на училишта државата ќе потроши нови 11 милиони евра.

Повеќе инфо и фотографии на – РадиоМоф.мк

72-768x1024

33-1024x768

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1