Струмичанката Сања Чавдарова боледува од „Quadriplegia Spastica – Paralisys Cerebralis“. Таа минатиот месец престојуваше во Центарот за рехабилитација „Гибање“ во Љубљана, Словенија, каде со терапијата покажала напредок кон подобрување на нејзиното здравје.
Според Зденка Шефман, спец. неврофиз. Advanced instructor IPNFA, која работеше на секојдневните терапии со струмичанката, Сања треба да продолжи со интензивна рехабилитација во период од 5 до 6 месеци. Ваквата реахабилитација чини околу 12.000 евра.
Затоа семејството Чавдарови упатуваат апел до сите хумани луѓе и оние кои се во можност, да и помогнат на Сања со донирање одредени финансиски средства на жиро сметката: 380503311300143 во Про Кредит Банка – Струмица, на име Мара Чавдарова или симболични 100 денари на донацискиот број на ВИП операторот: 077/143-776, преку кој, засега ќе можат да донират само претплатниците на ВИП, додека во тек е постапката на одобрување и други броеви од останатите мобилни оператори.
Да ја покажеме хуманоста