Скопските ниви и тревниците полни со арсен – јадеме зеленчук од нив полн со отрови


Скопската почва „е засадена“ со арсен и со олово – тешки метали кои се исклучително опасни за здравјето на луѓето и кои наместа се присутни во концентрации до десетпати повисоки од максимално дозволените. Според Информацијата за извршениот геомониторинг на тешки метали, кој денеска треба да биде усвоен од Советот на Скопје, со високи концентрации на арсен се зафатени вкупно 60 квадратни километри во реоните околу ОХИС, „Окта“ и железарницата, а ситуацијата е особено критична во подрачјето од ОХИС, кон Горно Лисиче, Долно Лисиче, Огњанци и Драчево, каде што областа е прогласена за „црна точка“. Допрва ќе се утврдува дали овошјето и зеленчукот што се одгледуваат во критичните реони ги содржа во себе тешките метали од почвата, пишува Дневник.

Олово околу железарницата и на Водно

skopje33Најкритична е состојбата со арсенот и со оловото, во почвата има загадување со бакар и со хром како и природно присуство на никел.
олово – во зголемени концентрации го има во околината на Железара, одводниот канал на Цементарница, кај МЗТ и на врвот на Водно. Просторот околу железарницата е контаминиран и со цинк и со хром. Бакарот и хромот се пронајдени со вредности 2 до 3 пати поголеми од МДK.

Има локалитети што се загадени и со други тешки метали. Ограничени површини околу Бардовци, Шуто Оризари и аеродромот Петровец се карактеризираат како контаминирани, бидејќи содржат кадмиум во концентрации поголеми од максимално дозволените (МKД). Бариумот е присутен околу рибникот на фабриката Железарница и во Стајковци, Ченто и Бардовци, со слабо зголемени концентрации.

ОХИС затрул с` наоколу

Градските власти утврдиле три контаминирани подрачја со арсен.

– Околу фабриката ОХИС, загадената површина се до Огњанци зафаќа 30 квадратни километри, околу „Рудници и железарница“ кон север и североисток, помеѓу Ченто, Стајковци, Црешево и Брњарци загадената површина зафаќа 20 километри квадратни, а кај агрокултурните почви околу „Окта“, кај селата Текија, Миладиновци и Мршевци е загадена површина од 10 километри квадратни. Во урбаниот дел има повеќе помали локалитети со зголемени концентрации со арсен, како на пример, Чаир, околината на Стара железничка станица, населбата Пролет, училишниот центар во населбата Железара, хотел „Панорама“ и др. – се вели во Информацијата.

Kај Смилковци, Стајковци и Арачиново вредноста на арсен во почвата е во рамките на МДK, а кај селата околу ОХИС арсенот во почвата најмногу е присутен два до трипати над дозволеното.

Да се испитаат овошјето и зеленчукот

Секторот за животна средина, кој го изработи извештајот, предлага во следните фази да се испита колку од тешките метали се содржат во овошјето и во зеленчукот што се одгледува на загадените почви.

Dnevnik

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1