Апелација одлучува по нова жалба од Катица Јанева


Апелацискиот суд Скопје одлучува по нова жалба за одбиената гаранција на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева за укинување на притворот или за замена со куќен притвор.

На денешниот брифинг со новинарите во Основниот кривичен суд Скопје беше речено дека за Јанева имаше одлука од Кривичен совет дека и се продолжува мерката притвор по предлог на Обвинителството. За тоа, како што велат од Судот, имаше жалба, предметот беше пратен во Апелациски суд, од каде известиле дека се прави измена на точка 2 и дека останува само точка 1 и притворот.

Претходно, имаше понудено гаранција кај судија на претходна постапка, бидејќи тој го има определено притворот. Од судијата на претходна постапка гаранцијата беше укината. На тоа решение исто така имаше жалба од 26 септември, но по предметот не можеше да се одлучува затоа што беше во Апелациски по жалбата на Кривичен совет.

Од Основниот кривичен суд Скопје велат дека предметот вчера после работното време стигнал во Судот и утрово веднаш е препратен со новата жалба до Апелацискиот суд, кој дополнително треба да одлучи за жалбата на одбиената гаранција.

Претходно, Апелацискиот суд ја одби жалбата на Јанева за одлуката на Кривичниот суд да и се продолжи притворот.

Во случајот „Рекет“ што го отвори Обвинителството за организиран криминал и корупција Катица Јанева е третоосомничена осомничена за злоупотреба на службената положба и овластувањата како шефица на СЈО.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1