АПЕЛАЦИЈА пресече: Вранишковски може да излезе од затвор денеска


Јован Вранишковски во секој момент се очекува да излезе од затворот Идризово, бидејќи Апелациониот суд ја одби жалбата на обвинителството за неговиот условен отпуст, што значи дека тој излегува на слобода.vraniskovski

„Апелациониот суд Скопје постапувајќи по жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, против решението на Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје за условен отпуст на осудениот Јован Вранишковски, донесе решени со кое жалбата се одбива како неоснована. Апелациониот суд утврдил дека првостепениот суд правилно постапил кога согласно член 200-203 од Законот за извршување санкции и член 36 од КЗ, го уважил предлогот на Директорот на КПУ „Идризово“ Скопје за условен отпуст на осудениот Јован Вранишковски, сега на издржување на казна затвор во КПУ „Идризово“, се вели во соопштението на Апелација.

Од судот дополнуваат дека, по службена должност, решението на Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1, се уважува, а се преиначува само во делот каде е наведена датата за отпуст, односно со решението на второстепениот суд, осудениот се отпушта од издржување на казната затвор на ден 02.02.2015 година.

Одлуката за условен отпуст на Вранишковски ја донесе Кривичниот суд на 12 јануари, но обвинителството иако излезе со соопштение дека осуденикот ги исполнува условите за условен отпуст, по неколку дена се предомисли и поднесе жалба. Сега одлуката на Апелација е правосилна.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1