Апликации кои ќе ви заштедат пари на патувањата


Бесплатни мапи

Постојат многу начини да најдете мапи на интернет, но тоа значи дека ви е потребна интернет врска. Од друга страна, апликацијата “Maps.me” ќе ви овозможи да ги користите мапите офлјан, односно кога не сте поврзани на интернет. На оваа апликација ќе пронајдете и туристички атракции, локални болници, паркинзи…telefon mobilen

Евтина храна

Има многу апликации кои ќе ви помогнат да најдете евтина храна и пијалоци додека сте на патување. “Voucher Cloud” ќе ви ја покаже најевтината понуда во Велика Британија, Германија, Холандија. За Америка добра апликација е “Foursquare” која им помага на корисниците да ги пронајдат локалните ресторани во кои пијалоците и храната се на акција, а апликацијата “Happy Hour Finder” ќе ви покаже во кои пабови и барови има часови на попуст.

Разгледување

“Viator” е корисна апликација која ќе ви овозможи да дознаете каде можете да ги купите најевтините карти за турстичко разгледување на некои дестинации, влезници за во галерии, музеи… Покрај тоа, оваа апликација прикажува и мапа, на која ќе можете да видите кои туристички атракции се најблиску од местото на кое се наоѓате.

Бесплатен Wi-Fi

Користењето на паметен телефон во странство може да биде многу скапо, па најдобро нешто што можете да направите е да побарате бесплатен интернет. Апликацијата “Wi-Fi Finder” е достапна во 114 земји, а ќе ја пронајде најблиската отворена мрежа и ќе ве насочи кон неа. Оваа апликација можете да ја симнете, па така дури и кога сте офлајн ќе можете да пронајдете бесплатен интернет.

Евтино сместување

“Hotel Tonight” е апликација која ќе ви помогне да пронајдете евтино сместување за време на патувањата. Хотелите ги проследуваат податоците за слободни места до апликацијата, па така корисниците можат да најдат одлични “last minute” понуди. На апликацијата се достапни и поскромни и полуксузни хотели.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1